Повеќе од 600 Израелци се убиени од саботата, се наведува на Фејсбук страницата на израелската владина прес-служба. Се додава дека повеќе од 100 луѓе се киднапирани, а повеќе од 2.000 се повредени.
Најмалку 370 Палестинци се загинати во Појасот Газа, а други 2.200 се повредени, соопшти палестинското Министерство за здравство.
Утрово беше објавено дека 313 се мртви, а нешто помалку од 2.000 повредени.
Видете и ова: Државјанин на Србија полесно ранет во Израел, останатите се доброИзраел соопшти дека извршил повеќе од 400 напади врз Појасот Газа, инсистирајќи дека тие биле насочени кон инфраструктурата на Хамас, а премиерот Бенјамин Нетанјаху ги предупреди граѓаните во Појасот да го напуштат регионот, бидејќи неговите војници милитантните зони ќе ги претворат „во рушевини“.
По големиот напад на палестинските милитанти во Израел кој започна во саботата на 7 октомври, израелски воени авиони извршија напади врз цели на Хамас, кој владее со Појасот Газа.
Европската унија, САД и Израел го класифицираат Хамас како терористичка организација.