Собраниската анкетна Комисија формирана за случајот „онкологија“ ќе работи секој ден, соопшти претседателката на комисијата пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи. Комисијата денеска ја одржа првата седница.
Мизрахи вели дека да дозволи оваа Комисија да се претвори во парасудски орган, но дека ќе бара политичка одговорност за наводите дека на државната Клиника за онкологија се препродавале лекови за рак, кои завршувале на црниот пазар.
„Очекувам заклучоци за вистината, дали има или нема одговорност, и ако има, чија е таа“, рече Мизрахи на прес-конференција.
Пред Комисијата треба да се појават и поранешните министри за здравство Венко Филипче и Беким Сали, оти како што рече Мизрахи, одговори треба да се барат и од поранешни министри, не само од актуелниот.
Пратеникот од СДСМ Ненад Коциќ, кој е член на Комисијата, денеска изјави дека тој и неговата пратеничка група се најзаинтересирани да видат дали, кога и од чија страна биле направени евентуални злоупотреби со терапија на Клиниката за онкологија.
И Арбен Зибери од ДУИ, кој исто така членува во групата за случајот „онкологија“ во изјава за медиумите рече сите треба да придонесат да се најдат, ако постојат, виновници.
Видете и ова: Пред Владата и ОЈО протести за случајот онкологија и против измените во КЗОдлуката за нејзино формирање беше донесена на 20-ти месецов, по наводите во јавноста за злоупотреба на лекови на Клиниката за онкологија. За овој случај на почетокот на месецов Јавното обвинителство отвори предистражна постапка.
На почетокот на септември беше извршен претрес на Клиниката за онкологија и во два приватни стана од каде беа одземени компјутери и документација по наводите во новинарски текстови за злоупотреба на лекови наменети за пациенти болни од рак.