Министерството за внатрешни работи на Србија на 3 октомври соопшти дека извршило претрес во станот на Милан Радоичиќ и дека тој со кривична пријава е донесен во Вишото јавно обвинителство во Белград.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија, Радочиќ бил задржан во полиција до 48 часа.
Во соопштението не се наведуваат други детали ниту за што е обвинет Радочиќ.
Видете и ова: Вучиќ: Сите кои направиле кривично дело во Бањска ќе бидат повикани на одговорностНа 29 септември, Милан Радоичиќ ја презеде одговорноста за организацијата и нападот во Бањска на северот на Косово.
Истиот ден, тој поднесе оставка од функцијата потпретседател на Српската листа, најголемата партија на косовските Срби, која има поддршка од Белград.
Видете и ова: Свечља – Ќе бараме екстрадиција на Радоичиќ и не само тоаМинистерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечља, во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ) на 29 септември изјави дека надлежните органи на Косово, преку меѓународни партнери, ќе побараат екстрадиција од Србија во Косово на „сите кои учествувале во планирањето и спроведувањето терористичка акција“ во Бањска.
Во селото Бањска на 24 септември беше убиен полицаецот Африм Буњаку, а неколкумина беа повредени. Во вооружен судир со полицијата убиени се тројца напаѓачи од српска националност.
Видете и ова: Европскиот Парламент ќе расправа за нападот на северот на КосовоВластите на Косово го окарактеризираа како терористички чин, додека за Радоичиќ нападот на вооружена група организирана e „одбрана на народот од окупаторот“.