Претседателот на Судски совет, Сашко Георгиев го повика министерот за фианансии да одобри средства за исплата на дотатоците на судските службеници и администрација, бидејќи како што вели судовите ќе се блокираат.
Судскиот совет вчера не донел одлука за додатоците на плата, бидејќи како што наведуваат, немаат средства за исплата.
„Тоа го истакнуваме како децениски проблем во минататото, а го носиме во сегашноста како реален проблем. Имаме активни протести, а некаде и најави за штрајкови. Не знам колку ви е познато, но за целиот овој период имаме неколку состаноци со претставници на синдикалните организации и се обидуваме да најдеме некои соодветни решенија. Морам да кажам дека сето тоа тешко оди и зависи од Министерство за финансии, којшто треба на крајот да ги исплатат овие средства како додатоци на плата“, изјави Георгиев.
Видете и ова: Судската администрација продолжува со протеститеТој додава дека судскиот буџетски совет во неколку наврати имал и обиди со свои одлуки да пренамени средства од капиталните инвестиции коишто се на располагање во додатоци за плата Но, како што наведе, од страна на Министерството за финансии не поминало и оваа решение и не се одобрени овие парични средства и судската администрација и службеници останаа без додатоци.
„Уште еднаш го повикувам министерот за финансии да има разбирање и да најде начин да се надминат овие проблеми, инаку би дошло до блокирање на судството, бидејќи без оваа судска администрација ќе се блокира судството во буквална смисла на зборот. Тоа е една алатка во судството, каде што без овој дел не може да функционира судството“, предупредува Георгиев.
Судската администрација веќе некое време протестира и бара зголемување на платите. Судските службеници бараат зголемување на нивните плати и тоа за 78 отсто на минималната плата во судската служба и за 35 отсто на додатокот за плата за судските службеници.