Одговорноста за измените на Кривичниот законик е на Собранието. Тие измени се направени со глас на одредени пратеници, изјави министерот за правда Кренар Лога.
На прашањето дали ја овластил заменик министерката за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ да го потпише предлог законот за измена на Кривичниот законик, министерот Лога, рече дека заменикот министер има право во негово во отсуство да биде предлагач, а останува Владата да се изјасни со гласање.
„Не се согласувам со квалификациите. Така што, заменик-министерот има право како и секој министер во Владата кога министерот е отсутен и може да биде предлагач на се и сешто. Значи, останува после поддршката на Владата изјаснета со гласање дали е за тоа или не. Како и да е, и да е како што вие го кажувате предлогот, одговорноста е на Собранието на РСМ. Значи, тие измени се направени со глас на одредени пратеници“, изјави Лога.
Видете и ова: Од обвинети за криминал до обесштетување од државатаПрашан, директно дали тој ја овластил заменик министерката да потпише вакво предлог, Лога рече дека овластувањето е пропишано во Законот за влада.
„Овластувањето е пропишано во Законот за влада, така што јас не сум никој што може со обична хартија да овластува или да деовластува кој било во државата“, изјави Лога.
Во однос на тоа дали работната група што ги напиша измените е истата што работи и новиот Кривичниот законик, Лога рече дека за ова прашање треба да се изјасни Аврамовска - Мадиќ.
„Најодговорно тврдам дека работната група има работено на драфт верзијата за нов Кривичен законик и нема работено во овие измени кои беа предложени од страна на заменичката. За кој дел од тимот кој ги има предложени ќе треба да се изјасни заменик-министерот за правда“, изјави Лога.
Видете и ова: Законски измени под превез на ЕУ за спас од затворСо законските измени на Кривичниот законик кои Собранието ги изгласа на 6 септември, во членот за делото злоупотреба на службената положба и овластувања се укина еден став, а се воведе и горна граница на казната која сега е до пет години затвор. За злоупотреба на службената положба и овластувања, пак, казната се намали од максимални 10 на најмногу три години затвор.
Додека македонската влада го бранеше донесувањето на измените со усогласување со европската регулатива, Европската комисија критикуваше дека измените на Кривичниот законик биле донесени без комуникација со нив, ниту пак со домашните чинители.
Видете и ова: Ковачевски контра ЕУ за Кривичниот законик - исти закони имаат европските земјиВо реакцијата на Европската комисија е наведено дека ЕУ со загриженост забележува дека некои од измените на Кривичниот законик се усвоени на забрзан начин од Собранието на Северна Македонија, а кои ги намалуваат максималните законски казни и имаат импликации врз примената на застареноста ќе влијае на голем број случаи на корупција на високо ниво.