Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, денеска изјави дека е неопходно да се утврдат сите факти за нападот на влезот во селото Бањска во општина Лепосавиќ и дека одговорните лица мораат да бидат изведени пред лицето на правдата.
Истовремено, Борел најостро го осуди, како што рече, грозоморниот напад на вооружената банда врз припадници на косовската полиција во Бањска на северот на Косово, во кој загина еден полицаец, а двајца беа повредени.
„Уште повеќе невини животи се загрозени во непријателствата кои траат околу манастирот Бањска. Овие напади мора веднаш да престанат“, рече Борел.
Видете и ова: Убиен полицаец на северот на Косово, полицијата соопшти дека ликвидирала еден напаѓачТој посочи дека ЕУЛЕКС како втора одговорна мисија за безбедноста на теренот е во близок контакт со властите и со КФОР.
„ЕУ и нејзините членки повторно ги повикуваат сите актери да работат на деескалација на ситуацијата на северот на Косово“, рече Борел.
Пред околу половина час пак, косовската полиција соопшти дека е убиен еден од напаѓачите, а и косовскиот премиер Албин Курти од претходно истакна дека околу 30 вооружени маскирани лица се наоѓаат во и околу Бањскиот манастир.