Американскиот претседател Џо Бајден во својот говор пред Генералното собрание на Обединетите нации ќе предупреди дека ако се дозволи Украина „да се распарчи“ ниедна држава по тоа нема да биде безбедна. Ова е дел од неговиот говор кој треба да го одржи, а го објави Белата Куќа. Бајден во својот говор посочува дека Русија верува оти светот ќе се измори и ќе дозволи да ја расцепка Укрина.
„Русија верува дека светот ќе се измори и ќе дозволи да ја брутализира Украина без последици. Но, ве прашувам следново: ако ги напуштиме основните принципи на Повелбата на ОН за да го смириме агресорот, дали некоја земја-членка може да се чувствува уверена дека е заштитена? Ако дозволиме Украина да се распарчи, дали независноста на која било нација е безбедна?,“ вели Бајден во својот говор.
Видете и ова: Пендаровски со државна делегација на Генералното собрание на ОНТој додава дека ниту една нација не може сама да одговори на предизвиците на денешницата“.
„Ние мора да се спротивставиме на оваа гола агресија денес за да ги одвратиме другите потенцијални агресори утре“, вели Бајден.
Бајден од денеска до 22 септември ќе учествува на 78-та сесија на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк. емата на годинашното собрание е „Обнова на довербата и повторно стартување на глобалната солидарност: Забрзување на акцијата за Агендата 2030 и нејзините цели за одржлив развој кон мир, просперитет, напредок и одржливост за сите.