Европската комисија е загрижена поради измените на Кривичниот законик кои како што пишува во реакцијата се донесени забрзано и со злоупотреба на европското знаменце. Забележуваат дека таквите измени директно ќе влијаат врз повеќе случаи за корупција на високо ниво и нивно застарување.
„ЕУ со загриженост забележува дека некои од измените на Кривичниот законик усвоени на забрзан начин од Собранието на Северна Македонија, а кои ги намалуваат максималните законски казни и имаат импликации врз примената на застареноста ќе влијае на голем број случаи на корупција на високо ниво. Жалиме поради недостатокот на сеопфатни консултации со домашните чинители и со Европската комисија пред нивното усвојување, како и за употребата на процедурата за знаменце на ЕУ, која треба да биде конзистентна и јасно поврзана со законите кои првенствено имаат за цел усогласување на националното право со ЕУ“, се вели во ставот на Европската комисија.
Видете и ова: Кацарска не се согласува со измените на Кривичен законикДека измените се разгледуваат во Брисел денеска најави и евроамбасадорот Дејвид Гир, кој истакна дека наскоро ќе има реакција по ова прашање. Пратениците во Собранието со 48 гласови „за“, 36 „против“ и еден воздржан, пред една недела ги донесоа измените и дополнувањата на Кривичниот законик кои предизвикаат сериозни реакциии во јавноста.
Измените што ги предложи власта значат намалување на затворски казни за злоупотреба на службена положба за лична корист, можност за порано да застарат дела, бришење на членови кои предвидуваат казни за злоупотреба на јавни набавки, оштетување на Буџетот, а пониски казни се предлагаат и за делото злосторничко здружување.
Видете и ова: Законски измени под превез на ЕУ за спас од затворДенешната реакција на Европската комисија доаѓа како одговор на прашање поставено од Телевизија 24 на темата и во него уште се вели дека Северна Македонија се обврза да го промовира владеењето на правото и да се бори против неказнивоста.
Поради ова како што пишуваат во одговорот санкциите за корупциски активности мора да бидат ефективни, пропорционални и разубедувачки.
„Во овој контекст, зајакнувањето на довербата во правосудниот систем и несмалено справување со корупцијата, вклучително и преку солидно досие во истрагата, гонењето и конечното осудување на случаите на корупција на високо ниво е од клучно значење“, се вели во одговорот.
Видете и ова: Пратениците изгласаа измени на Кривичен законик со кои се намалуваат казните за злоупотреба на функцијаОд Европската комисија велат дека внимателно ќе продолжат да го следат развојот на владеењето на правото, ставајќи го во контекст на пристапните преговори. Инаку станува збор за предмети во кои се инволвирани поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, екс шефот на УБК, Сашо Мијалков, ексминистерката за култура, Елизабета Канческа – Милеска, градоналачникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски и многу други.