Корупцијата има потенцијал да ги поткопа стратешките амбиции на Северна Македонија, велат од прес-службата на Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски, на прашањето дали новите измени во Кривичниот законик со кои се намалуваат казните за злоупотреба на функцијата и за злосторничко криминално здружување ќе ги отежнат напорите на САД да помогнат во борбата против корупцијата во државата.
„Ја охрабруваме Северна Македонија да ги исполни нејзините ветувања за борба против корупцијата. Лидерите на Северна Македонија мора да покажат силни, опипливи, антикорупциски резултати преку зајакнување на институционалната независност и спречување на политичкото мешање, особено во судствотото, што е од суштинско значење за исполнување на целите за пристапување во ЕУ и градење доверба на граѓаните во владата“, се вели во изјавата од Стејт депаертментот.
Видете и ова: Законски измени под превез на ЕУ за спас од затворСобранието со европско знаменце и во забрзана постапка ги помина измените на Кривичниот законик, кои предвидуваат пониски казни за службени лица и функционери кои ќе ја злоупотребат својата позиција.
Анализата на Коалицијата сите за правично судење покажува дека измените на Кривичниот законик неспорно ќе има влијание од опасност за настапување на апсолутна застареност на 14 судски предмети од времето на СЈО во кои се опфатени повеќе од 80 лица.
Видете и ова: Пратениците изгласаа измени на Кривичен законик со кои се намалуваат казните за злоупотреба на функцијаСтанува збор за предмети во кои се инволвирани поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, екс шефот на УБК, Сашо Мијалков, ексминистерката за култура, Елизабета Канческа – Милеска, градоналачникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски и многу други.
Повеќе делови од предложените измените на Кривичниот законик главно се однесуваат на измени на членови кои ги засегаат функционери, службени и одговорни лица во јавни претпријатија и установи, иако во истиот се предлагаат и измени на членови кои се однесуваат на загрозување на животната средина.
Видете и ова: Пендаровски го потпишал указот за измените на Кривичниот законикИ покрај тоа што голем број на невладини организации бараа претседателот на државата да не го потпише указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, Пендаровски сепак стави потпис на измените.