Анкетна комисија во Собранието ќе ги разгледува случувањата на Онкологија

Пленарна седница на Собранието, 18 вгуст 2023 година (архива)

На денешната седница на 5 септември, Собранието го прифати предлогот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се формира анкетна комисија за утврдување на одговорност за скандалот кој ја тресе Клиниката за онкологија и радиотерапија.

Во анкетната комисија е предвидено да земат учество 14 пратеници. Од нив, шест ќе бидат од ВМРО-ДПМНЕ, пет пратеници на СДСМ, два од ДУИ и еден од Алијанса за Албанците.

Собранието го усвои и предлогот да се разгледа конечниот извештај за извршената ревизија за работењето во 2021 година за ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија.

Видете и ова: Метастазира случајот со „онкологија“

Јавното обвинителството отвори предистражна постапка на Клиниката за онкологија по написите во неделникот „Фокус“ дека вработени наводно краделе терапија од болни со карцином и ја препродавале, но и дека не им давале соодветна терапија. Од Обвинителството соопштија дека по судска наредба и насоки на јавен обвинител, полицијата извршила претреси на Клиниката за окологија и уште на две локации во приватни станови во Скопје. МВР одземала компјутери, компјутерски податоци и друга документација, кои ќе бидат предмет на анализа и вештачење.

Видете и ова: „Крвави“ траги пред Влада и Обвинителство, се бараат оставки за случајот „онкологија“

Актуелниот министер за здравство, Фатмир Меџити и в.д. директорката на клиниката Виолета Клисаровска тврдат дека терапијата што сега се дава на Онкологија е соодветна и дека ќе направат се за расчистување на случајот.

Јавноста револтот го изрази на протест пред Владата на кој граѓаните побараа одговорност и оставки од директорите и поранешни и актуелни министри за здравство.