За предмети за кои ќе нема учебници, на располагање ќе има помошни материјали за ученици и прирачници за наставници. Тие се изработени од Бирото за развој на образованието и ќе бидат достапни само во електронска форма на веб-страницата на Бирото. Постои и можност секое училиште на своја иницијатива, индивидуално да одлучи да ги испечати, соопштија од Министерството за образование и наука (МОН).
Оттаму уверува дека оваа школска година ќе има учебници за учениците. За време на летниот период Министерството успеало сите одобрени учебници да ги испечати и до 1 септември тие ќе бидат испорачани до училиштата и на располагање на учениците, соопштија од МОН.
Видете и ова: Подготвителните материјали остануваат во игра и за следната учебна годинаОд Министерството соопштуваа дека еден мал дел учебници, кои не се испечатени, всушност сé уште се во постапка, односно за нивно одобрување одлучува Националната комисија за учебници, по што и тие ќе бидат испечатени и испорачани.
И минатата учебна година учениците не ги добија сите учебници, а по некои предмети учебници немаа книги до крај на школската година. За привремени учебници лани државата потроши над 640 милиони евра, пари позајмени од Светска банка.