Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека тој и неговата сопруга Олена се во посета на Шведска на 19 август. Како што сподели на социјалните мреж, посетата е за да им се заблагодарат на сите Швеѓани кои ја поддржуваат Украина во нејзината борба против неиспровоцираната инвазија на Русија.
Зеленски рече дека ќе се сретне со премиерот Улф Кристерсон, со кралското семејство и со други шведски претставници.
„Наша примарна задача е зајакнување на украинските војници на земја и на небо“, напиша Зеленски.
Видете и ова: НАТО ја разочара Украина без утврдена рамка за пристапувањеШведска е дел од коалицијата од 11 западни земји заедно со Холандија, Белгија, Канада, Данска, Луксембург, Норвешка, Полска, Португалија, Романија и Обединетото Кралство, кои минатиот месец ветија дека ќе обучуваат украински пилоти да летаат со Ф-16.