Министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис го уверил неговиот хрватски колега, Гордан Грлиќ-Радман, дека „независното грчко судство ќе постапи објективно, непристрасно и врз основа на почитување на основните права на притворениците“ во случајот со хрватските навивачи.
Двајцата министри телефонски разговарале за одредената мерка притвор за хрватските навивачи.
Грлиќ-Радман изразил жалење за загубата на грчкиот навивач, го осудил учеството на хрватските навивачи во инцидентите и изразил верба дека грчката правда објективно ќе ги истражи настаните, а паралелно им се заблагодарил и на грчките затворски службеници и на државата за соработката.
Од Министерството за надворешни работи на Хрватска соопштија дека хрватската дипломатија уште од првиот ден е вклучена и „се грижи за условите и безбедноста на приведените хрватски државјани во Атина“.
Видете и ова: АЕК бара исклучување на Динамо, уапсени уште пет хрватски навивачиЗа инцидентите пред стадионот на АЕК во кои беше убиен 29-годишниот навивач на атинскиот тим, беа уапсени 105 навивачи и на сите им е одредна мерка притвор, а од нив, 102 се хрватски државјани.