Од денеска е пуштен во употреба концептот „Оne Stop Shop“ на граничниот премин Ќафасан – Ќафтане со Република Албанија. Со овој концепт, според премиерот Димитар Ковачевски, се овозможува побрз проток на граѓаните од двете држави, но и на компаниите кои транспортираат производи на овој граничен премин.
Тој во своето обраќање потенцираше дека на овој начин се олеснува работата на 11 илјади компании од нашата држава кои се ориентирани кон извоз и кон трговија со други држави, а се овозможува и полесен пристап до пристаништата и до туристичките места во Албанија.
„Овозможувањето на проток на луѓе и капитал истовремено ги зголемува и врските, комуникација помеѓу луѓето. Го зголемува и дружењето меѓу луѓето, нешто што цели половина век недостасуваше меѓу Албанија и тогашна Македонија, но сега претставуваме пример како треба да се однесуваат две соседни држави“, рече Ковачевски.
Видете и ова: Отворен Балкан не ги намали гужвите и чекањата на границитеПретходно беше потпишан Протоколот за воведување на „One Stop Shop“ на овој граничен премин, кој како што се наведува, има за цел спроведување на поефикасни и олеснети гранични формалности, односно поквалитетни услуги и побрз проток на стоки и патници.
Концептот „One Stop Shop“ веќе постои и на граничниот премин Табановце – Прешево.