Следната учебна година, учениците во основно и во средно образование ќе имаат и пролетен распуст во периодот од 29 април до 5 мај, а учебната година ќе трае до 17 јуни, соопшти Министерството за образование и наука (МОН).
Владата на денешната седница, на предлог на МОН, одлучи учебната година да почне на 1 септември, а првото полугодие да заврши на 29 декември 2023 година.
Второто полугодие почнува на 22 јануари.
„Во периодот од 29 април до 5 мај 2024 година, учениците ќе бидат на пролетен распуст. Учебната година ќе трае до 17 јуни, а летниот одмор почнува на 18 јуни и завршува на 31 август 2024 година, информира МОН.
Видете и ова: Лицитација со датуми - кога да почне следната учебна годинаКон крајот на минатиот месец министерот за образование и наука Јетон Шакири ја почна дебатата за можна промена во траењето на учебната година. Една од можните промени беше датумот кога ќе почнува учебната година. Предлогот беше наместо на 1 септември, учениците на училиште да се вратат на 11 септември. Но сепак ништо не бидна од таквата најава. Тогаш се спомена и можност за пролетен распуст, нешто што на денешната седница на Владата беше прифатено.