Два беспилотни летала погодиле згради во Москва рано утрото на 24 јули, според медиумите наведуваат дека остатоци биле пронајдени недалеку од седиштето на Министерството за одбрана.
Руското Министерство за одбрана на Телеграм соопшти дека две беспилотни летала „биле потиснати и урнати“ и ја обвини украинската војска.
Градоначалникот на руската престолнина Сергеј Собјанинизјави дека две нестанбени згради биле погодени околу 4 часот наутро и додаде дека нема „сериозна штета или жртви“.
Пријавениот напад со беспилотно летало доаѓа еден ден откако најмалку едно лице загина, 22 се ранети, а историската православна катедрала беше сериозно оштетена во руски ракетен напад врз украинскиот пристанишен град Одеса на Црното Море.
Руската војска започна воени напади врз Одеса и други украински објекти за извоз на храна во последниве денови, откако Кремљ се повлече од договорот за поморски коридор, постигнат со посредство на ОН, кој дозволуваше безбедно испраќање на украинско жито. Киев ја обвини Москва дека ги таргетира резервите на жито и инфраструктурата од витално значење за договорот.
Украинскиот претседател Володомир Зеленски по рускиот напад врз Одеса на 23 јули напиша:
„Проектили против мирни градови, против станбени згради, катедрала... не може да има оправдување за руското зло. Како и секогаш, ова зло ќе изгуби. И дефинитивно ќе има одмазда на руските терористи за Одеса. Тие ќе го почувствуваат тоа“.
Видете и ова: Руски напад на Одеса: Убиен цивил, 19 ранети, оштетена познатата катедралаУНЕСКО остро го осуди нападот врз катедралата и другите места на наследство и рече дека во наредните денови ќе испрати мисија за да ја процени штетата. Историскиот центар на Одеса беше прогласен за светско наследство на УНЕСКО претходно оваа година, а агенцијата рече дека руските напади се во спротивност со ветувањето на Москва да преземе мерки на претпазливост за да ги поштеди местата на светското наследство во Украина.
Украинската војска не ги коментираше пријавените напади со беспилотни летала во Москва на 24 јули. Украина речиси никогаш јавно не ја презема одговорноста за нападите во Русија или на територијата под руска контрола во Украина.
Руската државна новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на службите за итни случаи, јави дека фрагменти од дрон биле пронајдени во близина на зграда на авенијата Комсомолски во центарот на Москва. Локалитетот е на околу 2 километри од зградите на Министерството за одбрана.
Државните медиуми, исто така, објавија дека е оштетена висока деловна зграда на авенијата Лихачев на југот на руската престолнина.
Руските канали на Телеграм објавија видеа и фотографии од, како што велат, оштетените згради.