Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Санкт Петербург разговараше со белорускиот лидер Александар Лукашенко, кој наводно на шега рекол дека платениците од Вагнер, кои ја обучуваат белоруската армија, сакаат да ја преминат границата на Полска, членка на НАТО.
„Тимот од Вагнер почнува да не стресува, сака да оди на запад. Да ги посетиме Варшава и Жешов“, рече Лукашенко.
Сепак, нема индикации дека Лукашенко бил сериозен во врска со тоа. По пристигнувањето на борците Вагнер, Полска распореди дополнителни сили на границата со Белорусија.
Видете и ова: Руски напад на Одеса: Убиен цивил, 19 ранети, оштетена познатата катедралаПолска преместува дополнителни војници на границата со Белорусија како одговор на пристигнувањето на силите на Вагнер, кои се преселија таму по краткото востание во Русија минатиот месец.
Средбата меѓу Путин и Лукашенко доаѓа два дена откако Москва предупреди дека секоја агресија врз сојузничката Белорусија ќе се смета за напад врз Русија.
Рускиот претседател рече дека Москва ќе ги искористи сите средства за да одговори на секое непријателство кон Минск.
Иако не ги испрати своите војници во Украина, Лукашенко и дозволи на Москва да ја користи белоруската територија за да започне инвазија на Украина во февруари 2022 година и оттогаш често се среќава со Путин.
Видете и ова: ЦИА: Путин сепак може да му се одмазди на ПригожинВо своите коментари до Лукашенко, Путин тврди дека украинската контраофанзива „пропаднала“.
„Нема контраофанзива“, го цитираа руските новински агенции зборовите на Лукашенко.
Путин одговори: „Постои, но не успеа“.
Украина ја започна долгоочекуваната контраофанзива минатиот месец, но досега имаше мал успех против руските сили.
Американскиот генерал Марк Мили, претседател на Здружениот генералштаб, на 18 јули рече дека украинската кампања е „далеку од неуспех“, но дека ќе биде долга, тешка и крвава.