Хрватска повторно е погодена од невреме. Црвено предупредување е во сила за областите Истра, Кварнер, Госпиќ, Карловац и Загреб. Во останатиот дел од Хрватска, портокаловото предупредување сè уште е во сила.
Хрватските медиуми јавуваат дека паѓало град, силниот ветер корнел дрвја, уништет е покрив на училиште, во неколку региони сменало струја, а невремето предизвикало и хаос во сообраќајот.
Претходно невремето мина низ Италија и Словенија.
Силно невреме го погоди северниот дел на италијанската провинција Ломбардија. Според локалните медиуми, паѓал град со големина на тениски топчиња.
Видете и ова: Службите и граѓаните ги расчистуваат последиците од невремето во Србија и ХрватскаОд Италија бурата се пресели во Словенија. Црвено предупредување е издадено за западна и централна Словенија во периодот од 14 до 18 часот. На западот на Словенија од 13 до 17 часот е во сила црвена тревога, а во централниот дел од Словенија од 13 до 18 часот.
Во невремето што изминатите денови ги зафати Хрватска, Србија, Словенија и БиХ, има и жртви и материјална штета.