Министерството за финансии на САД на 20 јули објави дека воведува санкции за речиси 120 поединци и компании за поддршка на руската инвазија на Украина.
Меѓу санкционираните е и фирма од Србија, МЦИ Трејдинг ДОО, со седиште во Белград.
Во соопштението на американското Министерство се наведува дека оваа компанија и помогнала на руската компанија АК Микротек да набави високотехнолошка опрема од производители од Азија, Европа и Блискиот Исток.
Руската фирма АК Микротех е обвинета за обезбедување на високотехнолошка опрема за руската одбранбена индустрија.
Во соопштението за печатот се наведува дека оваа фирма е специјализирана за трансфер на странска технологија на руските компании за производство на микроелектроника, вклучително и оние кои обезбедуваат микроелектроника на руската одбранбена индустрија.
„Голем број од овие крајни корисници се на списокот на блокирани лица и ентитети од САД“, се вели во соопштението, додавајќи дека „АК Микротек“ користи неруски посредници за да ги прикрие руските примачи.
Еден од таквите посредници е српската компанија МЦИ Трејдинг ДОО“, се вели во соопштението.
Видете и ова: Бизнисменот Орце Камчев ставен на „црна листа“ на САД поради корупцијаКако што е наведено понатаму, МЦИ Трејдинг испратил десетици пратки до руската фирма АК Микротех од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.
Компанијата МЦИ Трејднг и нејзиниот директор Иван Цветиќ се најдоа на листата на санкции за, како што се наведува, материјална помош, спонзорирање или давање финансиска, материјална или технолошка поддршка на компанијата АК Микротек.
Покрај компанијата од Србија, САД ставија речиси 120 поединци и компании на листата на санкции.
„Овие санкции ќе го ограничат пристапот на Русија до критичните материјали, ќе го инхибираат нејзиното идно производство и извоз на енергија, ќе ја ограничат нејзината употреба на меѓународниот финансиски систем и ќе ги спречат соучесниците во затајувањето и заобиколувањето на санкциите“, се вели во соопштението.
Видете и ова: Агелер: Ние нема да апсиме, но корупцијата не смее да помине неказнетоАмериканскиот заменик-секретар за финансии Воли Адејемо рече дека новите санкции претставуваат уште еден чекор во напорите на САД да ги ограничат руските воени капацитети.
„Сè додека Русија продолжува да ја води својата неиспровоцирана и брутална војна против Украина, ние ќе воведуваме санкции за да ја лишиме Русија од технологијата што и е потребна и да ја нарушиме способноста на руската индустрија за оружје да се снабдува себеси“, рече Адејемо.
Меѓу санкционираните нема лица или компании од Република Северна Македонија.