Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека не е прифатлив начинот на кој уставните измени биле доставени во Парламентот, дека се под бугарски диктат и дека со тоа Владата дополнително го усложнувала процесот.
„Со тоа што дефинираше текст на уставни измени што не само што е неприфатлив туку е тотално неразумен, изјави Мицкоски откако вчера Владата го достави Предлогот за уставни измени до Парламентот.
Предлогот, според него, ваков каков што е дополнително ги загрозува позициите на Македонија во рамките на напредокот кон ЕУ.
„И баш би сакал сега да го слушнам оправдувањето од Владата во кој дел од заклучоците на Советот на Европа, во кој дел од преговарачката рамка и на протоколот овој текст на овие уставни измени е содржан“, рече тој.
Видете и ова: Дипломатскиот фокус за уставните измени без поголем ефект?Уставните измени влегуваат во собраниска процедура, откако на 18 јули поминаа на владина седница.
Процесот во Собранието започнува точно една година од одржувањето на првата меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и Европската унија (ЕУ).
За да се одржи втората конференција и да почне отворањето на поглавјата, во Собранието треба да се усвојат измени на Уставот, со кои ќе се внесат и Бугарите во него.
Освен бугарскиот народ, во Преамбулата се внесуваат и хрватскиот, црногорскиот, словенечкиот, еврејскиот и еѓипќанскиот народ, соопшти Владата.