Владата ќе ја преиспита одлуката за спојување на двете концесии за рудникот иловица-Штука и ќе побара дополнитени информации од надлежното министерство, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчовска на прес конференција по завршувањето на протестот во Струмица против отварањето на рудникот.
Таа од пред просториите на СДСМ во Струмица порача дека ставот на партијата од која доаѓа е ист со ставот на граѓаните од струмичкиот регион.
Видете и ова: Струмичани на протест поради Иловица, како што го нарекоа, „рудникот на смртта“Тренчовска додаде дека Владата предводена од СДСМ и надлежните институции нема да дозволат отворање на рудник во Иловица без консулатација и одобрение од граѓаните, од локалното население, без запазување на целата постапка и без исполнување на сите стандарди за животна средина согласно постојното законодавство усогласено со европското.
Протестот се организираше по информацијата дека Владата донела одлука за спојување на двете концесии за рудник за бакар и злато на планината Огражден, кои се наоѓаат на териториите на Општините Босилово и Ново Село. Одлуката е веќе излезена во Службен весник, а потенцијалната концесија треба да трае до 2042 година. Со објавата повторно се отвори пат да се почне со експлоатација на бакар и злато од струмичката околина.
Тренчевска заедно со министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, пратеници и советници од нејзината партија присустуваше на денешниот протестен собир против отворање на рудник во струмичкиот регион.