Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека кандидатурата на Шведска за членство во НАТО нема да биде ратификувана од страна на турскиот парламент пред октомври.
На прес-конференцијата на самитот на НАТО во Вилнус, Литванија, тој рече дека процесот ќе треба да почека додека пратениците не се вратат од летната пауза.
„Парламентот не заседава во следните два месеци, но наша цел е да го завршиме ова прашање што е можно поскоро“, додаде тој.
Видете и ова: Столтенберг - Украина е поблиску до НАТО од кога било досегаТурција во понеделникот ги повлече своите приговори за приклучување на Шведска во алијансата, чекор кон единството што западните лидери сакаат да го покажат додека Русија врши инвазија врз Украина.
Одлуката на Ердоган е значаен чекор кон членството на Шведска и по неколкудневните интензивни состаноци.
Финска веќе стана 31-ва членка на Алијансата, а Шведска е на прагот да стане 32-ра.
Двете нордиски земји беа историски неврзани се додека војната не го зголеми нивниот страв од можна руска агресија.