Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен ја охрабри Украина да спроведе дополнителни реформи на патот на земјата кон членство во НАТО и во Европската Унија.
Фон дер Лајен понуди „многу интензивно да работи со Украина на неопходните реформи, кои се многу потребни, на реформите, на пример, во борбата против корупцијата или зајакнувањето на институциите“.
„Реформите во тие области се предуслов за влез и во ЕУ и во НАТО“, рече таа, пофалувајќи ги напорите на Киев во последните месеци.
Видете и ова: НАТО ја разочара Украина без утврдена рамка за пристапувањеТаа додаде дека е импресивно да се види темпото со кое Украина се реформира додека води одбранбена битка против Русија.
ЕУ, исто така, помага да се зголеми производството на муниција за да и помогне на Украина и да ги надополни резервите во блокот.