Групата од седум најразвиени земји во светот (Г7) треба да го ратификува долгорочниот безбедносен аранжман со Украина во среда на 12 јули на Самитот на НАТО.
Аранжманот ќе вклучува одбранбена опрема, обука и размена на разузнавачки информации.
Британскиот премиер Риши Сунак оцени дека договорот ќе испрати „силен сигнал“ до рускиот претседател Владимир Путин.
Договорот доаѓа откако украинскиот претседател Володимир Зеленски го критикуваше неподготвеноста на НАТО да му понуди на Киев временска рамка за приклучување кон Алијансата.
Во Литванија денеска се одржува вториот ден од Самитот на НАТО.
Видете и ова: НАТО ја разочара Украина без утврдена рамка за пристапувањеБританскиот премиер рече дека сојузниците на Киев ги зајакнуваат своите формални аранжмани за заштита на Украина на долг рок.
Тој додаде дека со поддршка на Киев на „патот кон членство“, како и „формални, мултилатерални и билатерални аранжмани“ со членките на НАТО, ќе биде испратена јасна порака до рускиот претседател и „враќање на мирот во Европа“.
Американскиот претседател Џо Бајден претходно предложи модел за Украина сличен на оној што го имаат САД со Израел. Според тој договор, Вашингтон вети дека ќе обезбедува воена помош од 3,8 милијарди долари годишно за една деценија.
Групата Г7 ги вклучува и Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија.