Османи: Ќе работиме со пратениците за уставните измени, ВМРО ДПМНЕ потфрли

Илустрација, Бујаро Османи, Министер за надворешни работи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да прекине секаква комуникација со власта, вклучувајќи ги и разговорите за уставните измени, е многу лоша и непромислена.

Со ваквата одлука, како што рече денеска, опозициската партија уште еднаш потрфли и покажаа дека ниту сака, ниту има намера некогаш да се соочи со кој било предизвик на државата. На ВМРО-ДПМНЕ, оцени Османи, и се важни само власт и моќ.

Видете и ова: Мицкоски: Ја прекинуваме официјалната комуникација со власта

„Очекувам да работиме до последниот ден со партијата. Но, ако тоа не дава плод, ние мора паралелно да работиме и со пратеници кои не сакаат да бидат заложници на амбициите и сакаат да поддржат европска перспектива на државата преку имплементирање на нашиот интерес“, нагласи Османи.

Вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Кирстијан Мицкоски најави дека партијата ќе ги стопира сите средби со власта бидејќи така одлучил Извршниот комитет. Потенцираше дека од сега повеќе нема да зборува за ништо што е поврзано со уставните измени, туку единствено за што би седнал на маса е забрзи предвремени парламентарни избори оваа есен.

Видете и ова: Маричиќ: Првото гласање за уставните амандмани до крајот на јули

Денеска Османи рече дека се исполнети сите барања, услови и предуслови што ги испорача ВМРО-ДПМНЕ за да ги поддржи устваните измени. Тврди дека Владата ги прифатила.

„Побараа услов ДУИ да излезе од Владата, во истиот момент им беше прифатено барањето, дури и отидовме и подалеку. Истата понуда важи и денеска - денот кога ќе ги изгласаме заедно уставните измени, ДУИ ја напушта Владата. Побараа предвремени избори, им дадовме официјална понуда - дента кога ќе ги изгласаме уставните измени, ќе гласаме и за распуштање на Парламентот и веднаш одиме на предвремени избори. Побараа гаранција од ЕУ дека нема да има нови барања - канцеларот Шолц рече „јас сум гаранција дека нема да има нови барања“, рече Османи.

Видете и ова: Радев-Македонските уставни измени да не бидат параван

Претходно и премиерот Димитар Ковачевски најави дека уставните измени сепак ќе бидат поднесени во Собранието.

„Уставните измени ќе бидат поднесени во Собранието во текот на наредните две недели и ќе отпочне процес на дискусија согласно со процедура за истите во Собранието, таму каде што ѝ е местото. “, рече Ковачевски

Во врска со изборите рече дека нема да има наесен. Во изјавата не прецизираше дали се сретнал со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и дали има поддршка од опозицијата.
Инаку, на лидерската средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, СДСМ предложи широка коалиција со сите партии кои се за евроинтеграција, но пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставните измени.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го прифати предлогот со услов - влада на широка коалиција, но без ДУИ да учествува во неа и одложено важење на уставните измени. Додека ДУИ го прифати предлог да оди во опозиција, но само до одржување на избори, ако ВМРО-ДПМНЕ претходно гласа за уставните измени со стапување во сила веднаш по гласањето во Собрание.