Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис изјави дека планира да ги легализира истополовите бракови за време на неговиот втор мандат во владата.
„Истополовите бракови ќе се случат во одреден момент и тоа е дел од нашата стратегија“, изјави Мицотакис за телевизијата Блумберг во интервју во вторникот во Атина.
„Грчкото општество е многу поподготвено и позрело“, рече Мицотакис.
Видете и ова: Ознака на пол може да се смени и без новиот законОд СИРИЗА преку соопштение ја коментираа изјавата на грчкиот премиер и рекоа дека му посакуваат „добредојде на Мицотакис во современата европска реалност“ и потсетуваат дека тие пред една година доставиле соодветен предлог закон.
Сега чекаме да видиме дали и кога Владата на Нова демократија ќе го најде „соодветниот момент“. И нема да престанеме секојдневно да притискаме заедно со ЛГБТИ+ заедницата овој неопходен и очигледен чекор веднаш да се спроведе, соопштија од СИРИЗА.
Во 2022 година, Грција, под владата на Мицотакис, ја забрани таканаречената конверзивна терапија за малолетници и ја укина забраната за дарување крв од хомосексуалци.
ЛГБТ групите во Грција долго време водат кампања за членовите на нивните заедници да имаат целосни семејни права и бараат построго спроведување на законите против дискриминација.