Нема пречки за пристапување на Северна Македонија во Европската унија, смета високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.
„Северна Македонија добро напредува и од европска страна нема ништо што би го блокирало нејзиното пристапување во ЕУ. Во овој пристап строго ќе се почитуваат европските принципи и стандарди. За тоа дефинитивно е неопходна добра соработка. Регионалната соработка останува суштински елемент, како и стабилизацијата за да може да се спроведе процесот на пристапување. Но, билатералните прашања нема да бидат обврзувачки и нема да го одредуваат процесот на пристапување“, изјавил денеска Борел.
Видете и ова: Црвенковски за членството во ЕУ - Да чекаме чудо или да се отворат фондовитеНеговата изјава е одговор на прашање од Бугарското национално радио, околу тоа кои ќе бидат следните чекори на ЕУ ако до ноември Северна Македонија не ги вклучи Бугарите во Уставот, како што е предвидено во т.н. француски предлог за почеток на преговори за пристапување во Европската унија.
Вклучувањето на Бугарите во македонскиот Устав е условот што го постави Софија за да се согласи на Преговарачката рамка за земјава.