На 26 јуни, на отворањето на Московската берза, вредноста на руската рубља падна и во однос на доларот и во однос на другите светски валути.
Американскиот долар се тргуваше за повеќе од 86,88 рубљи во 07:00 часот по локално време (08:00 часот по средноевропско време), што е најниско ниво на руската валута од 30 март минатата година.
Во исто време еврото скокна на 94,44 рубљи, а кинескиот јуани на 11,93 рубљи.
Изутрината и цените на нафтата на светските берзи скокнаа за 1,40 отсто во однос на претходниот ден, но во моментов полека се враќаат на нормалните вредности.
Видете и ова: Нова димензијa: По бунтот на Пригожин, што ќе се случува понатаму?Саботниот бунт на платеничката група „Вагнер“ во Русија предизвика страв на пазарите поради можна политичка и економска нестабилност во земјата, пренесуваат агенциите.
Со посредство на белорускиот претседател беше договорено Пригожин да се пресели во Белорусија и неговите војници да не бидат казнети за бунтот.Платениците на паравоената група Вагнер се побунија откако Пригожин ја обвини руската војска дека извршила смртоносен напад врз неговите сили во Украина, каде што се борат за Русија.
Иако се чини дека кризата засега стивна, светските лидери и аналитичари велат дека последиците од вооружениот бунт би можеле да траат со месеци.