Ќе се сретнат ли Вучиќ и Курти во Брисел?

Српскиот претедател Александар Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека оди на состанок во Брисел, на кој бил поканет од шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, заедно со премиерот на Косово, Албин Курти.

Вучиќ во интервју за Радио-телевизија на Србија додаде дека нема да разговара со Курти, туку со Борел.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Борел изутрината објави дека ги поканил лидерите на Србија и Косово на итни состаноци за да се најде излез од актуелната криза.

Како што Борел објави на Твитер, потребна е итна деескалација и нови избори на северот на Косово, со учество на припадници на српската заедница.

Косовскиот премиер Албин Курти синоќа потврди дека во четврток, на 22 јуни, ќе отпатува за Брисел на средба што ја свика високиот претставник на ЕУ по зголемените тензии на северот на Косово.

Видете и ова: Неутрална зона или појас на инциденти меѓу Косово и Србија


Претходно, на 21 јуни, портпаролот на Европската унија, Петер Стано, изјави дека очекува Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ позитивно да одговорат на поканата за средба.

Извори на Радио Слободна Европа наведуваат дека Курти и Вучиќ нема директно да се сретнат.

Вучиќ претходно изјави дека допрва треба да одлучи дали „технички“ ќе се појави на состанокот, истакнувајќи дека нема да разговара со Курти.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Граничните премини меѓу Србија и Косово блокирани за камиони и автобуси


На северот на Косово се зголемија тензиите од крајот на мај, што во неколку наврати доведе до насилство, бидејќи локалното српско население се противи на доаѓањето на градоначалниците Албанци. Србите ги бојкотираа априлските локални избори и сега не ги прифаќаат резултатите.

Косовската полиција досега уапсила шест лица од северот под сомнение дека учествувале во криминални активности, додека на тројца им е изречена мерка притвор од еден месец.

Ситуацијата дополнително се заостри по апсењето на косовските полицајци од страна на српските сили.