Косовскиот премиер Албин Курти оцени дека е неопходно да се одржат предвремени избори во општините на север во Косово, но со слободна предизборна кампања.
Тој вели дека за такво нешто е потребно владеење на правото.
„Значи, во една средина во која нема заплашување и нема криминалци. Тоа е она што го сакаме и мораме да го воспоставиме заедно“, рече Курти во видео обраќањето до српската заедница на нивниот мајчин јазик.
Тој рече и дека „со владеење на правото постепено може да се намали бројот на полицајци во општинските згради“.
На 26 мај Косово по насилен пат ги зазеде општинските згради во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток, на што остро се спротивстави српското население, кое е мнозинство во тој регион.
Видете и ова: Неутрална зона или појас на инциденти меѓу Косово и СрбијаВо тие згради работат и паралелни општини по српски систем, кои се нелегални за Косово.
Инаку, локалните Срби на северот на Косово ги бојкотираа априлските избори и сега не ги прифаќаат резултатите.
Тие од 29 мај секојдневно протестираат со барања градоначалниците Албанци да не доаѓаат на работа и целосно да се повлечат специјалните единици од северот.
Во меѓувреме, Меѓународната заедница побара од Приштина и Белград итна деескалација и враќање на дијалогот за нормализација на односите.