Украинската заменик-министерка за одбрана Хана Маљар на 19 јуни потврди дека украинските вооружени сили го вратиле своето прво село во регионот Запорожје, откако Киев неодамна ја започна својата контраофанзива.
Како што јавува украинскиот сервис на Радио Слободна Европа, ден претходно, гувернерот на украинската област Запорожје, поставен од Русија, Владимир Рогов и новинарите поддржани од Кремљ изјавија дека руските вооружени сили го напуштиле селото Пјатихатки, додека руското Министерство за одбрана соопшти дека нападите на украинските сили во селото биле одбиени.
Маљар на 19 јуни рече дека украинските војници за две недели ослободиле 113 квадратни километри.
Видете и ова: „Сите за себе“: Нападите во пограничните градови ја донесоа војната до прагот на РусијаСпоред Маљар, минатата недела руските трупи продолжиле да напредуваат во правците Лиман-Купијан, Авдиев и Марин - украинските сили не изгубиле ниту метар земја во овие насоки.
Заменик министерката за одбрана додаде и дека во текот на изминатата недела имало офанзива во повеќе правци на југ.
Ден претходно имаше информации дека вооружените сили на Украина го деокупирале селото Пјатихатки. Ова го соопштија претставници на окупационите власти на регионот Запорожје.
Министерството за одбрана извести дека до 12 јуни украинската војска ослободила седум населени места.