Авторитарниот претседател на Белорусија, Александар Лукашенко, вели дека руското тактичко нуклеарно оружје ќе пристигне во неговата земја за „неколку денови“, порано отколку што се мислеше. Оваа најава ги зголеми веќе затегнатите односи меѓу Кремљ и Западот.
Лукашенко во својот говор на 13 јуни истакна дека одлуката за распоредување тактичко нуклеарно оружје на белоруска територија е негова, а не на рускиот претседател Владимир Путин, кој минатата недела рече дека оружјето најверојатно ќе биде распоредено околу втората недела од јули, откако ќе бидат готови складиштата.
„Се е подготвено. Мислам дека ќе го имаме она што го побаравме за неколку дена, па дури и уште помалку“, рече Лукашенко.
Видете и ова: Пензиониран генерал на САД: Путин попрво ќе употреби нуклеарно оружје отколку да загуби во Украина„Ова не е за Русија. Тоа беше мој предлог. Русија не ми го наметна тоа. Зошто? Затоа што, како што велите сите, никој во светот никогаш не се борел против нуклеарна сила и не сакам никој да се бори против нас“, додаде тој.
Откако ја започна својата целосна инвазија на Украина, Русија ја користи Белорусија, со одобрение на Лукашенко, како област за неиспровоциран напад.
Видете и ова: Путин-Трансферот на тактичко нуклеарно оружје во Белорусија ќе започне во јулиНајвисоките руски функционери рекоа дека Москва ќе го контролира своето тактичко нуклеарно оружје откако ќе биде пренесено во Белорусија, но Лукашенко рече дека „нема да се двоуми“ да го употреби доколку, како што вели тој, “има агресија против нас“.
Русија и Белорусија на 25-ти мај потпишаа договор за формализирање на распоредувањето на руски тактички нуклеарни ракети на белоруска територија, потег што Москва рече дека е поттикнат од зголемените тензии со Западот.
Тогаш Соединетите држави и земјите од НАТО ја осудија одлуката на руските и белоруските власти, со оглед на тековната голема руска инвазија на Украина, сојузничките односи меѓу Москва и Минск и помошта што белоруските власти и ја даваат на руската армија.