Владите на земјите-членки на Европската унија (ЕУ) треба да се подготват за трајно интегрирање на бегалците од Украина, соопшти Агенцијата за фундаментални права на ЕУ.
Мнозинството бегалци го сочинуваат жени и деца, наведува Агенцијата на 8 јуни во Виена во својот годишен извештај.
Во извештајот се додава дека сегашните хуманитарни мерки треба подобро да се прилагодат на жените и децата.
Видете и ова: Пензиониран генерал на САД: Путин попрво ќе употреби нуклеарно оружје отколку да загуби во УкраинаОвој повик доаѓа во време кога беснее војната во Украина, која започна со инвазијата на Кремљ во февруари 2022 година.
Оттогаш, 8,3 милиони луѓе ја напуштиле Украина, според агенцијата за бегалци на ОН, УНХЦР.
Од тој број, 5,1 милион имаат привремена заштита под посебни услови, според кои не мора да поднесуваат барање за азил во земјите на ЕУ, Швајцарија и Норвешка.