Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, на почетокот на самитот на Европската политичка заедница на 1 јуни во Молдавија изјави дека Кишињев има јасна перспектива за приклучување кон Европската унија и „мора да работи на реформите за исполнување на патот кон интеграција“. На Самитот ќе присуствуваат лидерите на 27 земји од Европската унија и 20 други европски земји се на самитот на Европската политичка заедница во Молдавија за да разговараат за низа прашања, вклучително и тензиите на северот на Косово.
Ова е прв самит во земја која не е членка на ЕУ и која граничи со Украина, што е симбол на поддршка за Молдавија.
„Патот на Молдавија е независен од она што се случува со Трансдњестар. Кипар стана членка на ЕУ и покрај тоа што има територијален спор [со Турција]. Молдавија може да направи исто, " одговори Борел на новинарското прашање дали отцепениот регион Трансдњестар, поддржан од Русија, ќе биде пречка за членството на Молдавија во ЕУ.
Видете и ова: Првиот европски Самит надвор од ЕУ во соседство на УкраинаМолдавија и Украина беа поканети да започнат преговори за членство со ЕУ минатата година. Трите главни теми за кои ќе се разговара на самитот се безбедноста, енергијата и поврзаноста. На состанокот, кој е најавен како најголем политички состанок во историјата на Молдавија, ќе учествуваат претседателот на Европскиот совет, претседателот на Европската комисија и на Европскиот парламент.