Вучиќ на состанок со амбасодорите на Квинта, ЕУ, Русија и Кина

Српскиот претседател Александар Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ во вторник, на 30 мај, во Белград се сретна со амбасадорите на Квинта(САД, Велика Британија, Франција, Германија, Италија) и шефот на делегацијата на Европската Унија.

На средбата присуствуваат министерот за одбрана Милош Вучевиќ и началникот на Генералштабот на вооружените сили на Србија, Милан Мојсиловиќ, јави РТС.

Вучиќ во вторник ќе се сретне и со амбасадорите на Русија и Кина.

Во понеделникот вечерта тој ги повика Србите на северот на Косово да не се судираат со НАТО, а земјите од Квинта и меѓународната заедница да го „вразумат“ косовскиот премиер Албин Курти.

Вучиќ и се обрати на јавноста во понеделникот вечерта, на 29 мај, по интервенцијата во Звечан што ја презеде мировната мисија на НАТО во Косово КФОР.

Видете и ова: Капчан: Косовската влада треба да се откаже од поставување градоначалници на северот

Во текот на вечерта на 29 мај, претседателот на Србија разговараше со високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, и со потпретседателот на Советот на министри и министерот за надворешни работи на Република Италија, Антонио Тајани.

Вучиќ ги информирал соговорниците за се што се случува на Косово и повторил дека Србија и Србите ќе сторат се за зачувување на мирот и стабилноста, се вели во соопштението од Претседателството на Србија.