Турскиот опозициски претседателски кандидат Кемал Киличдароглу во вториот изборен круг вети дека ќе протера „10 милиони бегалци“ доколку биде избран. Ваквото предизборно ветување поттикнувајќи широко распространети стравови против мигрантите додека итно се обидува да ги придобие националистичките гласачи во неговата кандидатура за претседател.
Киличдароглу, како кандидат на шестпартискиот опозициски блок, на изборите во неделата освои 45 отсто од гласовите, а актуелниот претседател 49,5 отсто, повеќе од очекуваното и за малку не успеа да го освои мнозинството за да го избегне вториот круг.
„Штом ќе дојдам на власт ќе ги испратам сите бегалци назад во нивните домови“, рече Киличдароглу и додаде дека нивната бројка изнесува околу 10 милиони.
Видете и ова: Ердоган: Договорот за извоз на украинско жито продолжен за два месециСекуларниот лидер долго време даваше антимигрантски изјави, но го даде своето последно ветување, „веднаш да ги врати во татковина“, откако беше на второто место по актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган во претседателски избори на 14 мај.
Тој се обидува да ги придобие националистичките поддржувачи на Синан Оган, кој беше трет на првичните избори и нема да биде дел од вториот круг, јавува германската новинска агенција ДПА.
Обраќајќи им се на партиските колеги во седиштето на партијата Киличдароглу ја критикуваше мигрантската политика на актуелниот претседател Ердоган.
„Ердоган, намерно дозволи десет милиони бегалци да влезат во Турција. Продаваше турско државјанство за да обезбеди гласови“, обвини Киличдароглу.
Според ОН, во Турција има 3,9 милиони бегалци. Податоците на турската влада покажуваат дека бројката е околу 4 милиони, од кои многу се од Сирија, Авганистан и Пакистан.
Видете и ова: Ердоган и Киличдароглу одат во втор кругКиличдароглу не даде никакви податоци за да го поткрепи неговото тврдење дека земјата е дом на 10 милиони бегалци.
Ваквите високи - и политички чувствителни - бројки се „премногу шпекулативни“ за да се докажат, изјави за ДПА, политичкиот аналитичар и истражувач за миграција Мурат Ердоган, додавајќи дека точната бројка за нерегулираниот статус на мигранти во Турција е нејасна.
Според анкетите, Турците ги таргетираат мигрантите меѓу првите три прашања кои треба да се решат по актуелните избори. Киличдароглу во предизборната кампања најави дека планира во координација со Обединетите нации да ги врати Сиријците дома во рок од две години по постигнувањето на договор со сирискиот претседател Башар ал Асад околу нивната тамошна безбедност