Акција на МВР и Обвинителство - 15 уапсени за продажба на дрога и оружје

Macedonian police. MOI.

Во полициска акција спроведена рано утринава 15 луѓе биле уапсени, по направени претреси на 27 локации во Арачиново, Сингелиќ, Кисела Вода, Карпош и Шуто Оризари, соопшти Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција под чие раководство се водла акцијата.

Јавниот обвинител кој постапувал по кривичната пријава, донел наредба за спроведување на истражна постапка против 18 луѓе, кои биле осомничени дека сторителе кривични дела. Тројца биле недостапни за полицијата и обвинителството.

12 од нив за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, а петмина за кривично за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи. Еден е спроведен за сомненија за двете дела.

Во периодот од јули 2022 до мај 2023 првоосомничениот и седум други осомничени се здружиле и пуштале во промет кокаин и марихуана. Првоосомничениот ја купувал дрогата од непознати лица од Косово и Албанија и ја криел на локации во село Сингелиќ во Скопје, а потоа со седумте осомничени ја препродавале во Скопје, Велес и други градови, вела од Обвинителството.

Видете и ова: Секој трет во земјава поседува оружје

Во периодот од декември 2022 до мај 2023 година деветоосомничениот заедно со петмина осомничени, како група набавувале и продавале поголема количина огнено оружје и муниција. Тој неовластено набавил автоматска пушка „Калашников“ со калибар 7.62 милиметри од Косово, а во повеќе наврати од двајца осомничени, кои се сопственик и управител на правно лице – стрелиште и кои нелегално продавале муниција набавена за потребите на стрелиштето, нелегално набавил поголема количина на муниција – куршуми, по цена од 40 – 45 денари за еден куршум и тоа: 800 куршуми калибар 7.65 мм, 300 куршуми калибар 7.62мм.

Петнаесет осомничени во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, додека тројца се недостапни на органите на прогонот, се вели во соопштението на Обвинителството.

Обвинителот проценил дека постојат околности за бегство, сокривање, фалсификување или уништување на трагите на кривичното дело и влијание врз сведоци, по што на судијата на претходна постапка му предложил определување на притвор за сите осомничени.

Според Кривичниот законик на сторителите на кривичното дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори им се заканува казна затвор од најмалку пет години, додека за кривичното дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл. 396 ст.3 е предвидена казна затвор од најмалку осум години.