Украинскиот претседател Володимир Зеленски на 14 мај изјави дека неговата земја подготвува контраофанзива наменета за ослободување на областите окупирани од Русија, а не за напад на руска територија.
Зборувајќи на прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц во Берлин, Зеленски изјави дека целта на Украина е да ги ослободи териториите во нејзините меѓународно признати граници, пренесува агенцијата АП.
Видете и ова: Зеленски во Берлин, Германија вети 3 милијарди долари за УкраинаУкраинскиот претседател Володимир Зеленски на 14 мај пристигна во Берлин во прва посета на Германија од почетокот на руската инвазија на неговата земја.
Посетата доаѓа откако германските власти објавија пакет воена помош од три милијарди долари за борбата на Украина против руската инвазија.