Влошена е состојба во споредба со претходните години со Единствениот национален регистар на прописи(ЕНЕР), соопштија од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) во нивниот извештај за 2022 година „Огледало на Владата“.
ЕНЕР е електронски систем на кој се објавуваат известувања за подготовка иницијативи и предлог закони со цел транспарентност и консулатација со пошироката јавност.
Во него е посочено дека за речиси две третини од предлог-законите нема консултативен процес на ЕНЕР.
„Покрај тоа, загрижувачки се и резултатите кои покажуваат заобиколување на консултативниот процес преку изборот на предлагачи“, се вели во соопштението.
Видете и ова: Со европско знаме, сѐ подалеку од ЕУСпоред нивниот извештај вкупно 86 од предложените 191 закон (45%) се на предлог на пратениците, а Собранието не спроведува консултативен процес за предлог-закони кои се на предлог на пратеници и овластени предлагачи на закони.
„Така, за значаен процент од предлог-законите се оневозможуваат консултациите со засегнатите страни и подлежат исклучиво на законодавна постапка за донесување на закони. Имајќи го предвид ова, закони кои се од суштинско значење за правното опкружување може да бидат изгласани без јавноста да биде консултирана, се вели во соопштението.
Според нивниот извештај Министерствата не ги објавуваат поголемиот дел од
предлог-законите на ЕНЕР. Во 2022 година Владата поднела вкупно 65 предлог-закони до Собранието за кои што имала обврска да ги стави на ЕНЕР. За 24 од нив (37%) претходно бил објавен текстот на нацрт-законот на ЕНЕР. Заради ова, на јавноста и била скратена можноста да се информира за содржината на предлог-законите. Што се однесува до минималниот периодот
за коментирање од 20 дена, тој е испочитуван од министерствата за сите 24 предлог-закони, се вели во соопштението.
ЕНЕР за прв пат е пуштен во употреба во 2013 година.