Поротата во Њујорк утврди дека Доналд Трамп сексуално ја нападнал новинарката и пистателка, Џин Керол во соблекувалната на луксузна стоковна куќа во пролетта 1996 година.
Федералниот суд во Менхетен го прогласи Трамп за одговорен и за клевета во граѓанска тужба поднесена од Керол.
Трамп треба да и плати отштета од речиси три милиони долари бидејќи Керол ја докажа нејзината тужба за клевета.
Исто така, утврдено е дека поранешниот американски претседател треба да и плати околу два милиони долари отштета за нејзината граѓанска тужба, со што вкупниот износ на отштета би се искачил на пет милиони долари, пренесува CNN.
Керол го тужеше Трамп минатата година. Таа тврди дека Трамп ја турнал „на ѕид“ во соблекувалната, насилно и ја соблекол облеката и ја нападнал, пред таа да побегне на Петтата авенија и да повика пријателка.
Поранешниот американски претседател негираше дека ја познава Керол и повторно повтори дека обвинувањата не се веродостојни, тврдејќи дека новинарката „воопшто не е негов тип“.
„Тука сум затоа што ме силувал Доналд Трамп, а кога напишав за тоа, тој рече дека тоа не се случило. Лажеше и ми го уништи угледот, а јас сум тука да се обидам да си го вратам животот“, сведочеше Керол во судот.