Иран погуби две лица кои беа осудени на смрт за богохулење, објави денеска веб-страницата за вести од судството Мизан.
Јусеф Мехрдад и Садролах Фазели Заре беа егзекутирани за злосторства, вклучително богохулење, навреда на религијата на исламот, пророкот и други светости, објави Мизан.
Не е наведено кога двајцата биле погубени.
Тие наводно, воделе десетици онлајн платформи против религијата посветени на омразата кон исламот, промовирањето атеизам и навредите на светоста, објави Мизан.
Видете и ова: Зошто Иран егзекутира толку многу затвореници?Експертите на ОН го повикаа мнозинството шиитски муслимански Иран да престане со прогонството и малтретирањето на верските малцинства.
Експертите укажаа на иранската политика на таргетирање на различните верувања или верски практики, вклучително и христијанските преобратеници и атеистите.