Американскиот претседател Џо Бајден денеска им честиташе на кралот Чарлс Трети и на кралицата Камила за крунисувањето оддавајќи почит на „трајното пријателство меѓу САД и Обединетото Кралство“.
Тој во твит на социјалната мрежа Твитер односите меѓу двете земји ги нарече „ извор на сила за двата наши народи“.
Бајден додаде дека е горд што првата дама Џил Бајден „ги претставува САД на тој историски настан“.
На крунисувањето на кралот Чарлс и кралицата Камила не присуствуваше Бајден. Како што јавува Си-Ен-Ен од независноста на САД ни еден американски претседател не присуствува на крунисување на монарх.
На Твитер со честика се огласи и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на Твитер.
„Крунисувањето е доказ за трајната сила на британската монархија. Симбол на стабилност и континуитет“, наведе таа во порака на Твитер.
Видете и ова: Крунисувањето на Чарлс Трети историски ден за Велика БританијаКрунисувањето на кралот од прва рака го следеа 2300 официјално поканети гости од целиот свет.
„ Не дојдов за да ми служат, туку за јас да служам“ беше првата порака што Чарлс ја испрати за време на чинот на крунисувањето.
Околу 100 шефови на држави беа во Вестминстерската Опатија, а од земјава присуствува и претседателот Стево Пендаровски со неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска.