Србија повторно не се усогласи со санкциите на ЕУ против Иран и Сирија

илустрација

Србија не се усогласи со одлуките на Советот на Европската унија (ЕУ) за нови рестриктивни мерки против Иран и Сирија, соопштија на 5 мај од седиштето на ЕУ во Брисел.

Наведено е дека на 24 април биле донесени одлуки за рестриктивни мерки поради состојбите во Сирија и Иран.

„Советот на ЕУ прецизираше дека кога станува збор за рестриктивните мерки против Сирија, на листата на физички и правни лица се додадени 25 лица и осум субјекти кои се предмет на тие мерки“, се наведува на веб-страницата на Советот на ЕУ.

Станува збор за мерки насочени против одредени лица и субјекти со оглед на ситуацијата во Иран од 2011 година, кои ЕУ ги продолжува секоја година.

Видете и ова: Србија повторно единствена во регионот која не се усогласи со санкциите на ЕУ против Русија

Од земјите од Западен Балкан кои се кандидати за членство, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија ги почитуваа овие одлуки на ЕУ.

„Тие ќе се погрижат нивните национални политики да бидат во согласност со оваа одлука, а ЕУ ја забележува оваа посветеност и ја поздравува“, се вели во соопштението.

Истовремено, беше наведено дека Србија, заедно со другите земји од Западен Балкан, се согласила со одлуката на Советот на ЕУ од 24 април за рестриктивни мерки против Исламската држава и Ал Каеда.

Србија од почетокот на руската инвазија на Украина нема воведено никакви рестриктивни мерки против Русија во согласност со одлуките на ЕУ. Се очекува земјите-кандидатки да ја усогласат својата надворешна политика со онаа на ЕУ.