Руска слаткарка обвинета за дискредитација на војската поради антивоени колачи

Илустрација

Полицијата во Москва ја обвини слаткарката Анастасија Чернишева за дискредитирање на руските вооружени сили, пренесува рускиот сервис на РСЕ.

Обвинението против Чернишева произлегува од слогани кои повикуваат на прекин на војната во Украина, кои таа ги поставува на тортите што ги продава преку Инстаграм.

Видете и ова: „Виновен сум“: Руски антивоен активист обвинет за „дискредитација“ на Армијата

По почетокот на руската војна против Украина, таа почнала да ги украсува тротите со антивоени натписи. Таа објавува фотографии од тортите на Инстаграм, каде има 23.000 следбеници, а дел од својот приход го дава во добротворни организации.

Чернишева беше приведена на сослушување денеска. Слаткарката се соочува со парична казна или неколку неделен затвор.