Двајцата возачи вклучени во вчерашниот инцидент во кој мигрантка беше смртно застрелана добија кривични пријави и мерка притвор. Тие се сомничат дека сториле кривично дело криумчарење мигранти.
Инцидентот во кој младата мигрантка го загуби животот се случи вчера во раните утрински часови во близина на касарната во Гевгелија.
Додека еден од полициските службеници преземал дејствија за лишување од слобода на еден од двајцата возачи кои се обидувале да прокриумчарат група мигранти, осомничениот физички го нападнал полицаецот и во текот на нападот бил испукан куршум од службениот пиштол, кој предизвикал фатални последици завршувајќи во тело на мигрантка која веќе била сместена на задното седиште во едно од возилата.
Видете и ова: Македонски полицаец застрелал мигрантка кај гевгелиската касарнаОбвинителството ќе ја утврдува и одговорноста на полицаецот од чиј пиштол била застрелана мигрантката.
Се повеќе смртни случаи на мигранти во Медитеранот
Надлежен обвинител од Одделението за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, со цел да се испита одговорноста на полицискиот службеник формира предмет и донесе наредба за вештачење на папиларните линии на службениот пиштол, како и на други траги врз основа на кои ќе се утврди кој го испукал куршумот со кој е предизвикана смртта кај мигрантката, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.