Финска ја заврши првата вежба на НАТО како членка на Алијансата

Илустрација

Финска на 13 април објави дека ја завршила својата прва вежба на НАТО како членка на Алијансата. Германската и португалската фрегата ќе останат закотвени во пристаништето на Хелсинки до 16 април, соопшти финската морнарица.

Морнарицата соопшти дека тоа е „прв пат“ Финска и крајбрежната флота да спроведат вежба откако се приклучија кон НАТО. Завршувајќи ја децениската воена неврзаност, нордиската земја стана 31-ва членка на НАТО на 4 април.

Знамињата на НАТО денеска се веат во Хелсинки. Земјата со 5,5 милиони жители дели над 1300 километри долга граница со Русија.

Видете и ова: По влезот на Финска во НАТО, зошто Турција ја кочи Шведска?

„Досега сами ја браневме нашата земја. Од сега може да се потпреме на помош од надвор ако работите станат тешки. И секако, спремни сме да помогнеме ако некој биде во неволја“, изјави “, рече финскиот министер за одбрана Анти Каиконен на денот на пристапувањето на земјата во алијансата.

Церемонијата во Брисел се случи на 74-тата годишнина од формирањето на НАТО, односно од потпишувањето на основачкиот Вашингтонски договор на 4 април 1949 година.