Русија ќе регрутира војници и преку интернет

илустрација

Долниот дом на рускиот Парламент едногласно ги изгласа измените на законот со цел да се олесни мобилизацијата и да се отежне избегнување на регрутирањето.

Измените предвидуваат воведување електронски систем за воено регрутирање односно електронски повици преку интернет.

Досега документите за регрутирање во Русија требаше да се поднесуваат лично во локална воена канцеларија или преку работодавецот. Со измените на законот, документите за регрутација би се испраќале по пошта и преку интернет.

Видете и ова: „Виновен сум“: Руски антивоен активист обвинет за „дискредитација“ на Армијата

По добивањето на електронската покана, на граѓаните кои нема да се појават во воената канцеларија автоматски ќе им биде забрането да патуваат во странство.

Според информативниот сајт Ura.ru, новата кампања за регрутирање ја надгледува Дмитриј Медведев, поранешниот претседател кој сега е воен коментатор и потпретседател на Советот за безбедност на Путин, а наводно има за цел да обезбеди 400 000 нови војници низ Русија.