Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, преку отворено писмо им укажува на неговиот наследник парламентарниот спикер Талат Џафери и координаторите на пратеничките групи како да си ги замрзнат платите без да чекаат на Владата.
Платите на функционерите се во фокусот на јавноста изминатите денови, откако Уставен суд укина член од закон со кој се укинува досегашната основница за пресметка на функционерската плата. Според новата одлука на Судот платите на избраните и на именуваните функционери треба да бидат повисоки. Граѓаните реагираа што функционерите во услови на економска криза и висока инфлација ќе добијат повисоки плати. Владата најави дека ќе ги разгледува коефициентите за пресметка на плати и ќе одлучи дали ќе се намалат.
Поранешниот претседател на Собранието вели дека има начин платите веднаш да се замрзнат и наведува примери од негово време кога ги замрзнал во 209 поради тогашната економска криза, а следните години покажувањето било минимално и и во согласност со покажувањето на стандардот на граѓаните.
Видете и ова: Владата размислува за корекција на платите за функционерите„Ако чекате Владата да ви достави текст на Закон, ќе се изначекате водејќи се според односот на Владата во однос на ветувањето дека ќе бидат намалени високите примања на функционерите од регулаторните тела“, порачува Вељаноски.
Ако се испочитува одлуката на Уставен суд повисоки плати ќе добијат претседателите на државата, на Собранието и на Владата, министрите, пратениците, но и директори на државни претпријатија, градоначалници и други функционери.