Сите барања поврзани со уставните измени ќе бидат предложени и разгледани од работната група која наскоро ќе биде формирана, е одговорот на Министерството за правда по барањето на опозициската БЕСА во пакетот уставни измени да влезе и албанскиот јазик.
Во соопштението од Министерството е наведено дека го добиле писмото од политичката партија БЕСА во кое се бара при подготовката на уставните измени да се земе предвид и промената на амандманот V од Уставот.
Во работната група која ќе ги составува амандманите на уставот предвидено е свој член да имаат политичките партии меѓу кои и партијата Беса, соопштија од министерството.
Видете и ова: Беса бара со Бугарите во уставните измени да влезе и албанскиот јазикОпозициската Беса денеска во јавноста го повтори својот став дека со отворањето на Уставот за вметнување на Бугарите во Преамбулата треба да се вметне и употреба на албанскиот јазик како службен јазик на ниво на цела територија.
„На целата територија на Република Северна Македонија и во меѓународните односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик и неговото писмо“ е наведено во предлог измената на еден од членовите на Уставот.
Видете и ова: Преамбулата приоритет, но Уставот ќе отвори и други прашањаПретходно, владиниот коалиционер, лидерот на Алијанса Арбен Таравари истакна дека сега е моментот за отстранување на „20%“ од Уставот и да стои конкретно „албанскиот јазик“ заедно со уставните измени кои предвидуваат внесување на Бугарите во Уставот.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ е децидна дека уставни измени нема да има и засега е со став дека нема да учествува во оваа работна група, бидејќи ваквиот процес го смета за нелегитимен.