Опозициската Беса бара со отворањето на Уставот за вметнување на Бугарите во Преамбулата да се вметне и употреба на албанскиот јазик како службен јазик на ниво на цела територија. Според Беса сега е историски и важен момент за иднината на државата со кој како што велат, ќе може да се поправат историските грешки.
„Преку внатре-етничка и меѓуетничка кохезија, кои се направени преку неадекватна формулација во Уставот на Република Северна Македонија и да се изгради устав кој ќе биде главен извор на мирот, толеранцијата и демократските вредности“ изјави на прес конференција Фатмир Сабриу од Беса.
Видете и ова: Работната група за уставните измени ќе работи и без ВМРО-ДПМНЕОд партијата посочуваат дека од предлагачот на уставните измени – Владата бараат во текот на составувањето на нацрт верзијата на уставните измени која ќе биде испратена за расправа до Собранието да се вметнат два амандмани.
„На целата територија на Република Северна Македонија и во меѓународните односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик и неговото писмо“ е наведено во предлог измената на еден од членовите на Уставот.
Сабриу вели дека Беса не е против вклучувањето на бугарската заедница во преамбулата на уставот на државата, но инсистира да се смени амандманот V од уставот и албанскиот јазик да биде рамноправен со македонскиот јазик во Македонија.
Видете и ова: Преамбулата приоритет, но Уставот ќе отвори и други прашања
Претходно, владиниот коалиционер, лидерот на Алијанса Арбен Таравари истакна дека сега е моментот за отстранување на „20%“ од Уставот и да стои конкретно „албанскиот јазик“ заедно со уставните измени кои предвидуваат внесување на Бугарите во Уставот.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ е децидна дека уставни измени нема да има и засега е со став дека нема да учествува во оваа работна група, бидејќи ваквиот процес го смета за нелегитимен.